• вторник, 11 февруари 2025

Почина првиот претседател на Намибија, Нуџома

Почина првиот претседател на Намибија, Нуџома

Виндхук, 9 февруари 2025 (МИА) – Првиот претседател на независна Намибија, Сем Нуџома вчера почина на 95 години, соопштија денеска намибиските власти.

- Основите на Република Намибија се разнишани. Нуџома не само што го отвори патот до слободата, туку и нè инспирираше да застанеме и да станеме господари на оваа огромна земја на нашите предци, се наведува во соопштението на Претседателството на Намибија.

Нуџома пред смртта три недели беше во болница.

Тој беше претседател на Намибија три мандати од 1990 до 2005 година.

Со акт на Парламентот донесен во 2005 година Нуџома официјално е признат како „основач на намибиската нација“. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан