Почина поранешниот кошаркар и мултимилионер Улисес Ли Бриџмен
- Поранешниот кошаркар и сосопственик на Милвоки, Јуниор Бриџмен почина на 72-годишна возраст, соопшти прес-службата на НБА.

Мајами, 12 март 2025 (МИА) - Поранешниот кошаркар и сосопственик на Милвоки, Јуниор Бриџмен почина на 72-годишна возраст, соопшти прес-службата на НБА.
Поранешниот спортист почина откако му се слоши за време на хуманитарен настан.
Во текот на неговата кариера, Бриџмен беше член на Милвоки бакс (10 сезони) и Лос Анџелес клиперс (2 сезони), пензионирајќи се во 1987 година.
Богатството на Бриџмен кој беше и бизнисмен се проценува на 600 милиони долари. зс/
Фото: Facebook Junior Bridgeman