• среда, 25 декември 2024

Почина Велибор Џаровски-Џаро

Почина Велибор Џаровски-Џаро

Скопје, 25 април 2024 (МИА) - По кратко боледување, утрово на 75-годишна возраст почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на поранешна Југославија, потврди неговото семејството.

Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди - Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена..., на кои им организираше и турнеи.

Тој има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.

Минатата година беше промовирана биографската книга за Велибор Џаровски – Џаро, „Живот на коцка“. Авторка на книгата е неговата ќерка, новинарка Милица Џаровска, која на еден забавен начин ги носи читателите на возбудливо патување низ животот на Џаро. Книгата ја издаде издавачкиот центар „Три“. мд/са/

Фото: Принтскрин 

Остани поврзан