• петок, 21 март 2025

Починатите во несреќата во Кочани на возраст од 16 до 48 години

Починатите во несреќата во Кочани на возраст од 16 до 48 години

Скопје, 20 март 2025 (МИА) - Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 59 лица на возраст од 16 до 48 години. Најголем број од починатите се на возраст на 24 и 26 години, покажуваат податоците од Институтот за судска медицина доставени до Основното јавно обвинителство.

Според официјално објавените податоци, шестмина се на возраст од 21 година, а на возраст од 18 и 36 години загинати се по четири лица. На 16-годишна возраст загинати се тројца, исто толку и на 17-годишна возраст и на 25 години. По двајца загинати има на 20, 23, 27, 31, 38 и 44 години. По еден загинат има на возраст од 19, 29, 32,33, 43, 47 и 48 години. 

Починатите во пожарот во Кочани денеска ќе бидат погребани на вечните почивалишта во Кочани, Штип, Облешево и Скопје. 

Трагичната несреќа се случи рано неделата во дискотеката „Пулс“ каде настапуваше групата „ДНК“. Во несреќата животот го загубија и голем дел од членовите на групата. бак/нд/

Фото: МИА 

Остани поврзан