• петок, 20 март 2026

Потпретседателот на Собранието, Милошоски, ќе учествува на конференција на претседатели на парламенти на земјите од ЈИЕ во Будимпешта

Потпретседателот на Собранието, Милошоски, ќе учествува на конференција на претседатели на парламенти на земјите од ЈИЕ во Будимпешта

Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, денеска и утре, ќе учествува на конференција на претседатели на парламенти на земјите од Југоисточна Европа, која ќе се одржи во Будимпешта, во организација на Националното собрание на Унгарија.

Како што соопштуваат од Собранието, станува збор за традиционален меѓупарламентарен форум што се организира од 2004/2005 година и претставува значајна платформа за политички дијалог и парламентарна соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа. Фокусот на конференцијата е насочен кон регионалната соработка, европската интеграција и заедничкото справување со актуелните политички, економски и безбедносни предизвици во регионот.

Во рамките на официјалната агенда, на 27 февруари ќе се одржи 12-тата конференција на претседатели на парламенти, на која ќе учествуваат спикерите и шефовите на делегации од земјите на Југоисточна Европа, како и од земјите на вишеградската група. Централна тема на првата сесија ќе биде „Состојбата на проширувањето во регионот на Југоисточна Европа“,а втората сесија ќе биде посветена на „Економските инвестиции и енергетските поврзувања - предизвици и можности во регионот“.

На конференцијата се предвидени обраќања на високи претставници на земјата домаќин, како и на претставници на Европската Унија и меѓународни организации, по што ќе следуваат дискусии и излагања на учесниците. Во завршниот дел е планирано усвојување на заедничка парламентарна декларација, како и билатерални средби меѓу делегациите.

Собранието редовно учествува на оваа конференција, која претставува важен дел од напорите за унапредување на парламентарната дипломатија и зајакнување на европската перспектива на регионот. ев/паг/

Фото: Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан