• среда, 25 декември 2024

Потпишување меморандум меѓу „Меѓаши“ и „Центар за рамноправно родителство – Децата пред се“

Потпишување меморандум меѓу „Меѓаши“ и „Центар за рамноправно родителство – Децата пред се“

Скопје, 25 март 2022 (МИА) - Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и новоформираното здружение на граѓани „Центар за рамноправно родителство – Децата пред се“ денеска ќе потпишат меморандум за соработка, кој ќе биде насочен кон овозможување децата при и по бракоразводни постапки да го остварат нивното основно право на континуирано присуство на двајцата родители во нивниот живот, растење и воспитување.

По потпишувањето на меморандумот ќе се одржи и конференцијата за медиуми за, како што велат од „Меѓаши“, да се актуелизираат проблемите со кои голем број деца се среќаваат при бракоразводните постапки на нивните родители.

Воедно од „Меѓаши“ ќе потсетат на иницијативата за законски измени за реализација на заедничкото родителство по развод, за синдромот на отуѓено дете по бракоразводна постапка и дојавите на АлоБушавко/Телефонот за деца и млади. сст/дма/

Остани поврзан