• недела, 15 декември 2024

Потпишан Меморандум за соработка на средношколците од Општина Охрид

Потпишан Меморандум за соработка на средношколците од Општина Охрид

Охрид, 13 декември 2024 (МИА) – Средношколците од сите редношколски образовни установи во Општина Охрид ќе ја интензивираат меѓусебната соработка и нивните активности во градот. Чекор напред во таа насока е потпишувањето на првиот заеднички Меморандум за соработка меѓу ученичките заедници од сите градски средни училишта во Охрид.

Иницијативата за таков документ поризлезе од ученичката заедница на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, предводена од претседателот Арсениј Ѓоршески.

Меморандумот го потпишаа претседателите на ученичките заедници, Арсениј Ѓоршески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“,  Иво Георгиески од ОСУ „Св. Климент Охридски“, Теодора Митреска од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и Вероника Ѓуракова од РЦСОО „Ванчо Питошески“.

„Среќни сме што нашата иницијатива донесе заедничка акција на сите средни училишта во Охрид. Ова е само почеток на уште поголеми проекти и активности што ќе ги реализираме заедно“, изјави Ѓоршески, кој и беше иницијаторот за потпишувањето на документот.

Настанот го поздравија и директорите на училиштата, наставници, кои истакнаа дека ова е важен чекор за младинскиот активизам и вмрежување во Охрид. аб/са/

Фото: МИА

 

Остани поврзан