Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Струга и Амбасадата на САД за Американското катче во Струга
- Градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко денеска потпиша Меморандум за соработка со Амбасадата на Соединетите американски држави во РСМ за Американското катче во Струга, за период од пет години.
Струга, 28 јануари 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко денеска потпиша Меморандум за соработка со Амбасадата на Соединетите американски држави во РСМ за Американското катче во Струга, за период од пет години.
Меморандумот, како што соопшти Општина Струга, бил потпишан во присуство на претставничката на Американското катче (American Corner) во Струга, Ардита Емуш.
Американското катче, според информацијата, е еден од најважните проекти реализирани меѓу Општина Струга и Амбасадата на САД во Северна Македонија.
- Ќе се посветам секогаш тоа да биде во служба на младите и на сите други, кои се заинтересирани да ја запознаат американската култура. Катчето е во рамки на новата општинска зграда и преземавме како обврска да се реализираат сите активности, кои произлегуваат од овој меморандум, истакнал градоначалникот Мерко.
Тој и се заблагодарил на амбасадата на САД и на американскиот народ што ја одбрале Струга како дел од мрежата на катчиња во државата. сс/аа/
Фото: Општина Струга