Потпишан Меморандум за соработка меѓу Битолски театар и Здружение на пензионери-Битола
- Директорот на НУ Народен театар-Битола Васко Мавровски и претседателката на Здружението на пензионери Даница Петличкова потпишаа Меморандум за соработка.

Битола, 5 март 2025 (МИА) - Директорот на НУ Народен театар-Битола Васко Мавровски и претседателката на Здружението на пензионери Даница Петличкова потпишаа Меморандум за соработка.
Со Меморандумот договорено е да се промовира и стимулира посетеноста на пензионерите на претставите на Народен театар-Битола, а здружението и установата ќе соработуваат и на други заеднички активности.
Од секторот за односи со јавност на НУ Народен театар-Битола информираат дека таа национална установа потпиша Меморандум за соработка и со претседателката на Македонско научно друштво Битола, професор д-р Даниела Андоновска-Трајковска.
НУ Народен театар-Битола наскоро ќе промовира монографија посветена на јубилејот 80 години од денот на формирањето, чиј автор е Иван Додовски. мт/мд/
Фото: НТБ