• среда, 01 април 2026

Потпишан колективниот договор за вработените во Министерството за односи меѓу заедниците, етапно зголемување на платите

Потпишан колективниот договор за вработените во Министерството за односи меѓу заедниците, етапно зголемување на платите

Скопје, 31 март 2026 (МИА) - Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ денеска го потпиша колективниот договор за вработените во Министерството за односи меѓу заедниците, со што се прави значаен чекор кон унапредување на статусот на вработените, односно значително се подобруваат работничките права и се обезбедуваат поповолни услови од досегашните законски решенија во јавниот сектор - информираат од Министерството.

Со колективниот договор, посочуваат, се предвидува зголемувањето на платите на административните службеници да се реализира во три фази, во периодот од март 2026 до март 2028 година. Со договорот, нагласуваат, дополнително се уредуваат правата, обврските и работниот статус на вработените, како и условите за работа, со што се обезбедува поголема сигурност, подобра заштита на работничките права и појасна рамка за функционирање на институцијата.

Вицепремиерот Стоилковиќ, како што велат, истакнал дека потпишувањето на колективниот договор претставува важен чекор кон подобрување на статусот на вработените и создавање стабилна, професионална и мотивирана јавна администрација.

- Со овој договор не само што се унапредуваат правата на вработените туку тој претставува и потврда за силната посветеност кон социјалниот дијалог и градењето модерна, ефикасна и транспарентна јавна администрација. Овој чекор испраќа јасен сигнал дека институциите се посветени на градење праведен и функционален систем, во кој трудот на вработените е вреднуван и почитуван“, нагласил Стоилковиќ.вј/са/

Фото: Министерство за односи меѓу заедниците

 

Остани поврзан