Апасиев: Се поизвесно е дека ќе застарат случаите „Талир 1” и „Талир 2”
- Во интервју за ТВ 24, претседателот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев, ја коментираше најновата одлука на државниот јавен обвинител Ненад Савески да ги одземе предметите од обвинителката Ленче Ристоска, при што Апасиев констатира дека се поизвесно е дека ќе застарат случаите „Талир 1” и „Талир 2”, со кои партијата на Мицкоски се терети за перење пари и злосторничко здружување, се вели во соопштението од ПП Левица што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 1 април 2026
Во интервју за ТВ 24, претседателот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев, ја коментираше најновата одлука на државниот јавен обвинител Ненад Савески да ги одземе предметите од обвинителката Ленче Ристоска, при што Апасиев констатира дека се поизвесно е дека ќе застарат случаите „Талир 1” и „Талир 2”, со кои партијата на Мицкоски се терети за перење пари и злосторничко здружување, се вели во соопштението од ПП Левица што МИА го пренесува интегрално.
„Новиот јавен обвинител Ненад Савески за 24 часа успеа да исполни сѐ што му порача Мицкоски од говорница, како да има иста глава со Мицкоски. Прво, ја елиминира Ивана Алексова Трајчева, која е единствен квалитетен обвинител во ОЈО ГОКК и која ги поапси началниците, инспекторите и полицајците кои беа одговорни ноќта кога се случи трагедијата во Кочани. Сите овие уапсени се вмровски кадри кои два дена пред трагедијата славеле роденден на координаторот на ДПМНЕ во Штип.” - истакна претседателот на Левица во интервјуто.
Апасиев ја проблематизираше и одлуката на Советот на јавни обвинители да ја отфрли претставката на обвинителката Ленче Ристоска за политички притисок против премиерот. Претседателот на Левица во интервјуто ги наведе сите скандалозни одлуки на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, кои ги оцени како вмроидизација на обвинителството и враќање на голема врата на обвинителите од “тефтерчето”.
„Од назначувањето на Ненад Савески, Советот на јавни обвинители ја укина суспензијата на вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот кој се откажа од гонењето за Латас и го укина куќниот притвор на Бекир Незири, функционерот од ДУИ кој ги тепаше во М-НАВ. Следно, Ненад Савески ја постави за заменик обвинителката Анита Тополова-Исајловска, жена на поранешен вмровски заменик-министер која бараше да падне предметот „Талир”. Следно, Савески за шеф на Вишото јавно обвинителство ја предложи Јасмина Костеска Здравеска од тефтерчето на Горде и Мијалков, кои ги слушавме како го местат нејзиниот избор. Таа е сопруга на бивш вмровски член на Антикорупциска комисија, кој сега го ставија во Антидискриминаторска комисија и го имаше во бомбите со Антонио Милошоски како местат предмети за случајот „Моќник”. Сето ова го направи Савески во три дена каде што е државен јавен обвинител, што е дефакто вмроидизација на обвинителството и имаме враќање на голема врата на обвинителите од “тефтерчето”. - заклучи претседателот на Левица, Димитар Апасиев.
ПП Левица
Фото: МИА архива