• сабота, 23 ноември 2024

Потпишан Кодекс за фер и демократски избори за Совет на Општина Тетово

Потпишан Кодекс за фер и демократски избори за Совет на Општина Тетово
Тетово, 29 јули 2022 (МИА) - Општинската изборна комисија (ОИК) Тетово денеска ги повика учесниците на вонредните избори за членови на Совет на Општина Тетово да го потпишат Кодексот за фер и демократски избори. За изборите се пријавени 13 листи со кандидати за советници, а Кодексот го потпишаа 11 претставници. - Ние како ОИК сме подготвени да ги спроведеме изборите така како што треба според изборниот законик. Имаме мислење дека сите политички партии имаат високо ниво на демократија и ќе го почитуваат овој кодекс за фер и демократски избори за да завршат изборите така како што треба. ОИК согласно сите надлежностите според Изборен законик ќе ги презема сите можни дејствија, но исто така и сите политички партии ќе имаат набљудувачи на избирачките места каде и ќе следат изборен процес и истите имаат право да дадат забелешки во записници, изјави Назми Даути, секретар во ОИК Тетово. Вонредните избори за членови на Советот ќе се одржат на 20 август откако во мај Владата донесе одлука за распуштање на ова тело на локалната самоуправа. ас/цр

Остани поврзан