• вторник, 24 декември 2024

Последен повик на Стрип центарот на Македонија - Велес за учество на претстојниот меѓународен стрип конкурс

Последен повик на Стрип центарот на Македонија - Велес за учество на претстојниот меѓународен стрип конкурс

Велес,12 јули 2023 (МИА) - Стрип центарот на Македонија - Велес објави последен повик за учество на традиционалниот меѓународен конкурс за стрип на кој може да учествуваат автори од целиот свет, без разлика на полот и возраста, а истиот трае најдоцна до 10 август годинава.

Како што извести програмскиот координатор на Центарот, Томе Трајков и оваа година ја следи голема масовност во пријавувањето на оваа најстарата и најреномирана стрип манифестација во државата.

Tемата на стрипот е слободна. Секој автор (билo цртач, туш, колор) може да учествува со само еден стрип. Според организаторот, исклучок има за сценаристите каде се дозволува едно лице да направи сценарио за повеќе стрипови.

На еден стрип можат да работат повеќе автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…

Според критериумите, должината на стрипот треба да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е на една страна треба да биде со најмалку 5 сликички, а доколку стрипот е во боја, препорачливо е истиот да се испрати преку пошта или достави лично.

Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за изложување во склоп на изложбата на Салонот на стрип со реална можност за друг вид на промоција. Тричлена интернационална комисија ќе направи избор и ќе ги додели востановените награди, а првата за Алатен стрип е во вредност од 300 евра.

Стриповите треба да се пратат до 10 август оваа година на адресата на Стрип Центарот на Македонија – Велес или на електронската адреса stripkonkurs@gmail.com.

Овој конкурс е во склоп на  20 интернационален стрип салон „ВЕЛЕС 2023 односно - 5-та меѓународна стрип колонија, финансиски поддржан од страна на Министерството за култура и Општина Велес. ад/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан