• петок, 05 декември 2025

Отпечатена и претставена  книгата „Селото Лисиче и неговата историја“ од авторот Драги Наумовски

Отпечатена и претставена  книгата „Селото Лисиче и неговата историја“ од авторот Драги Наумовски

Велес,  4 август 2025  (МИА) – Отпечатена и претставена е книгата „Селото Лисиче и неговата историја“, која е посветена на селото на авторот Драги Наумовски  каде е роден и каде го започнал неговото образование. Содржи историски податоци за развојот на селото, сеќавања на поедници поврзани со селото, анегдоти, а се опфатени и поедини лица кои на некој начин оставиле свој печат  или трага во историјата на селото, информира денеска  за МИА, авторот на книгата „Селото Лисиче и неговата историја“.

На  јавноста книгата и била  претставена на Илинден во манастирот „Св Илија“ во село Лисиче, Општина Чашка. Како што информира Наумовски целокупниот приход од продажбата на книгата е наменет за обнова на  манастирот „Св Илија“ и црквата „Свети Никола“. Воедно тој планира и класична промоција на книгата во септември.

Во првата глава на книгата „Селото Лисиче и неговата историја“ е опфатено селото од праисторијата, доаѓањето на Словените на Балканот, селото за време на  Османлиите, Балканските и Првата светска војна до формирањето на Кралството на СХС/Југославија. 

Во втората глава е обработено Лисиче во Втората светска војна, со акцент на формирањето на партизанската база во  местото Лисец, првите борбени дејствија и нападот на полицискиот участок во Лисиче и првите партизански жртви Тодор Јанев и Благој Јосмов. 

Во третата глава е опфатено формирањето на органите на народната власт со акцент на формирањето на Околискиот народно-ослободителен одбор. 

Четвртата глава е посветена на социјалиистичката преобразба на селото односно формирањето на кооперација, селска работна задруга „Тополка“, Културен дом и Хидроцентрала на водите на реката „Тополка“.  

Петата глава е посеветана на организација и развој на општетсвените дејности – просветата пред и по завршувањето на Втортата светска војна.  Во овој дел се идентификувани скоро сите учители и помошен персонал кои работеле во основното четиригодишно училиште. Во оваа глава се опфатени и здравствената  заштита на селаните, полициската станица во селото, верските прилки во селото, а се зборува и за прославата на Василица која во 1966 или 1967 година е снимена од страна на МРТВ, која како традиција повеќе непостои. Се говори и за формирањето на поштата во селото и матичната канцеларија. 

Во шестата глава е опфатено иселувањето на селото по Втората светска војна како и печалбарството односно одењето на „привремена работа“ во западна Европа. 

Последната глава посветува внимание на поедини личности кои оставиле свои траги во историјат на селото, а презентира и одредени анегдоти кои што во изминатите периоди се случувале во селото. Во книгата  се задржува и на доаѓањето на Марија, мајката на Кочо Рацин и дознавањето за погибијата на нејзиниот син.

Инаку книгата посветена на Лисиче  е втора книга на авторот Драги Наумовски. Првата книга „Горно Врановци низ историјата во потрага по иселените“ посветена  на заборавеното село Горно Врановци - првата престолнина на современата македонска држава. Книгата беше промовиранаа на 29 октомври 2024 година  на научниот собир организиран по повод 80, годишнината од излегувањето на првиот број на весникот „Нова Македонија“ во славното Горно Врановци. Книгата е преведена и на турски јазик и е промовирана на 14 февруари 2025 година во Измир, Р Турција во организација на здружението на иселеници од Горно Врановци.

Како што информира Наумовски, на промоцијата на неговата прва книга во Р. Турција проследена со заеднички појадок присусутвувале околу 250 лица, со група која свирела македонска музика, а пеела Севим Каја.  Селото во Кралството Југославија имало  основно училиште, народна чителна, просветно друштво, стрелачко друштво и две џамии. Во 1942 година било електрифицирано, имало чаршија со многу трговски дуќани, занаетчиски работилни, формирана била кооперација.

-Во книгата е опфатена историјата на селото со акцент на доселувањето на мијаците-муслимани и нивната историја во новата средина. Се задржувам на нивната улога во текот на Втората светска војна, а го обработувам ликот на Јусуф Чауш, воденичар. Неговата воденица во Превалец била база каде се криеле курири, илегалци, партиски активисти за време на окупацијата. Јусуф со формирањето на Околискиот народноослободителен одбор во село Лисче е избран за потпретседатеел, а потоа и за негов претседател. Од неговата куќа во Горно Врановци за првпат во етерот прозвучува: „Зборуе Радио Слободна Македонија“, посочува авторот.

Селото Горно Врановци е село во кое има пет музеи и спомен плоча на џамијата каде била сместена првата стационарна болница, а со ослободувањето на Скопје е формирана воената болница. Село каде Блаже Конески ги поставил темелите на македонскиот литературен јазик. Потоа е опфатен периодот на големата преселба – иселувањето на врановчани во Измир, Р Турција.

- Но, морам да потенцирам дека се уште има необработена архивска документација во архивите во Велес која се однесува на историјата на Македонија посебно по Втората светска војна, појасни Наумовски, кој и понатаму макотрпно собира и истражува нови документи за историјата од населените места во Велешко.ад/вј/

Фото: принтскрин 

 

Остани поврзан