• среда, 25 декември 2024

Поранешни израелски агенти тврдат дека Хезболах не знаел дека купува пејџери од Израел

Поранешни израелски агенти тврдат дека Хезболах не знаел дека купува пејџери од Израел

Тел Авив, 24 декември 2024 (МИА) – Двајца поранешни припадници на Мосад за американската телевизија „Си-би-ес Њуз“ (CBS News) објаснија како го измамиле Хезболах да купи илјадници воки-токи и пејџери произведени во Израел.

Според нив, припадниците на Хезболах десет години ги користеле израелски пејџери и воки-токи наполнети со експлозив, пред истите да експлодираат во септември годинава. При експлозија на воки-токи и пејџерите десетици луѓе загинаа, а илјадници беа повредени.

Израел соопшти дека мета на нападот биле само членовите на Хезболах, но помеѓу жртвите имаше и цивили. Обединети нации нападот го оценија како воено злосторство. ми/

фото: Икс

Остани поврзан