• сабота, 23 ноември 2024

Поранешниот претседател Иванов учествува на 10. Глобален Баку форум во Азербејџан

Поранешниот претседател Иванов учествува на 10. Глобален Баку форум во Азербејџан

Скопје, 12 март 2023 (МИА) - Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, учествува на јубилејниот 10. Глобален Баку форум во Азербејџан, кој се одржува во периодот 9-12 март 2023 годинана, а е посветен на тема „Светот денес: предизвици и надежи“.

Како што соопштуваат од кабинетот на поранешниот претседател, форумот беше свечено отворен со обраќањето на Претседателот на Република Азербејџан Илхам Алијев, а учествуваат голем број актуелни и поранешни претседатели, премиери, министри, како и академици, истакнати аналитичари, новинари и др.

За време на форумот Иванов присуствуваше на сесиите на кои се дискутирало за предизвиците со кои во овие моменти се соочува мирот во Европа и светот, како и за проблемите од европското неинтегрирање на Западен Балкан, а имал и повеќе средби со други учесници на форумот.

Меѓународниот центар Низами Ганџави е основан во 2012 година, како меѓународна организација со седиште во Азербејџан која го слави наследството на големиот азербејџански поет Низами Ганџави. Со цел да се промовира знаењето, толеранцијата, дијалогот, разбирањето и споделените општества меѓу народите, културите и нациите, Меѓународниот центар Низами Ганџави организира настани на високо ниво во текот на целата година со учество на истакнати личности за проучување на можни решенија за итни и актуелни проблеми на нашето време. вг/

 

Фото: кабинет Иванов

Остани поврзан