• сабота, 23 ноември 2024

Поранешен руски гувернер осуден на 22 години строг затвор

Поранешен руски гувернер осуден на 22 години строг затвор

Москва, 10 февруари 2023 (МИА) - Московскиот суд, врз основа на пресуда на поротата, го осуди поранешниот гувернер на територијата Хабаровск, Сергеј Фургал, на 22 години затворска казна поради организирање на две убиства и еден обид за атентат.

Одбраната на сите обвинети (Фургал и неговите наводни соучесници) инсистираше тие да бидат ослободени од сите обвиненија.  Тие побараа од главниот судија да го искористи правото на вето на пресудата, да ја разреши поротата и да го врати предметот на ново судење со поинаков состав.

Фургал беше приведен на 9 јули 2020 година.

Според истражителите, во 2004-2005 година тој го организирал обидот за убиство на бизнисменот Александар Смолски и убиството на претприемачите Евгени Зори и Олег Булатов.

Фургал се изјасни за невин. На обвинителната клупа беа и неговите наводни соучесници Марат Кадиров, Андреј Карепов и Андреј Палеј. ссм/

Остани поврзан