Поранешен затвореник во Гвантанамо назначен за министер за одбрана во Авганистан
- Поранешниот затвореник од Гвантанамо, Абдул Кајум Закир е назначен од радикалното талибанско движење за министер за одбрана на земјата, објави катарскиот ТВ канал Ал Џезира.

Доха, 25 август 2021 (МИА) - Поранешниот затвореник од Гвантанамо, Абдул Кајум Закир е назначен од радикалното талибанско движење за министер за одбрана на земјата, објави катарскиот ТВ канал Ал Џезира.
Закир е еден од главните теренски команданти на талибанците, кој извршува борбени задачи и води радикални борци. По почетокот на американските и западните воени операции во Авганистан (2001-2014), тој започна да учествува во битките на страната на движењето. Американските војници го уапсија и го затворија во базата Баграм, од каде подоцна беше префрлен во Гвантанамо. По ослободувањето, тој повторно им се придружи на талибанците.
Движењето назначи вршители на должност раководители на неколку министерства и сектори.
Според авганистанската агенција Пажвок, Садр Ибрахим е назначен за министер за внатрешни работи, Ѓул Ага за министер за финансии, а Наџибула ќе биде вршител на должноста шеф на разузнавањето. Движењето назначи свои претставници и за министри за образование и гувернер на главниот град на земјата, Кабул. паг/