• среда, 26 март 2025

Порака на Дончиќ по новиот пораз на Лејкерси: Јас и Леброн мораме да го водиме тимот

Порака на Дончиќ по новиот пораз на Лејкерси: Јас и Леброн мораме да го водиме тимот

Лос Анџелес, 25 март 2025 (МИА) - Словенечката суперѕвезда во редовите на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ не бегаше од одговорноста по поразот на Лејкерси од Орландо со резултат 118:106.

Дончиќ мечот го заврши со 32 поени, седум асистенции, исто толку скокови и една украдена топка за 38 минути на теренот.

- Мислам дека јас и Леброн мораме да го водиме тимот. Очигледно е дека треба подобро да се снаоѓам, повеќе да разговарам. Зборував во првото полувреме, но не бев толку гласен во второто и тоа не треба да се случува. Платени сме да го правиме ова. Не треба да има изговори. Во одреден момент, секој има тежок распоред. Важно е да видиме како играме. Едноставно мораме да бидеме подобри, изјави Дончиќ.

Лејкерси се петти на Западот со скор од 43 победи и 28 порази, а следен ривал ќе им биде Индијана на гости во четврток (00.30 часот). дс

Фото: Архива

Остани поврзан