• сабота, 23 ноември 2024

Поради немирите мобилизирана целата Национална гарда на Минесота

Поради немирите мобилизирана целата Национална гарда на Минесота
Минеаполис, 30 мај 2020 (МИА) - Гувернерот на Минесота, Тим Волц, денеска соопшти дека целосно ќе ја мобилизира Националната гарда и полицијата на таа американска држава со цел да ги смири граѓанските немири по неколкудневните протести поради убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицијата. Тој додаде дека разговарал со министерот за одбрана Марк Еспер и командантот на Здружениот ГШ, Марк Мили, за добивање федерална помош за запирање на насилствата. Волц смета дека насилството во Минеаполис е предизвикано од добро организирани поттикнувачи надвор од државата, чија цел, како што рече, дестабилизација на граѓанското општество. зш/

Остани поврзан