Поради дефект денеска без вода дел од корисниците од Радишани
- Поради дефект во шахта на ул.„1559“ бб во село Радишани прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „1559“ бб и дел од ниска зона од Радишани.
![Поради дефект денеска без вода дел од корисниците од Радишани](https://mia.mk/index.php/images/20230221140945_big_730x400_74.webp )
Скопје, 21 февруари 2023 (МИА) - Поради дефект во шахта на ул.„1559“ бб во село Радишани прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „1559“ бб и дел од ниска зона од Радишани.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 14:00 часот до завршување на санацијата на дефектот. сст/