Поради дефект без вода дел од улицата „Владимир Комаров“
- Поради дефект на приклучна цевка ф-80 мм на ул. „Владимир Комаров“ 23, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зградите 21 и 23 на оваа улица.
Скопје, 2 октомври 2024 (МИА) - Поради дефект на приклучна цевка ф-80 мм на ул. „Владимир Комаров“ 23, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зградите 21 и 23 на оваа улица.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување со санација на дефектот. сст/мд/
фото МИА архива