Поради дефект без вода дел од Железара, Автокманда и болницата Ре-медика
- Поради уличен дефект Ф-150 мм во Парк шума Гази Баба, денеска без снабдување со вода ќе бидат корисниците од висока зона населба Железара, населба Автокоманда, амбулантата Железара и болницата Ре-медика.
![Поради дефект без вода дел од Железара, Автокманда и болницата Ре-медика](https://mia.mk/index.php/images/20230820103447_big_730x400_11.webp )
Скопје, 20 август 2023 (МИА) - Поради уличен дефект Ф-150 мм во Парк шума Гази Баба, денеска без снабдување со вода ќе бидат корисниците од висока зона населба Железара, населба Автокоманда, амбулантата Железара и болницата Ре-медика.
Како што соопшти РЦУК Скопје по информација добиена од ЈП Водовод и канализација - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:45 часот до санирање на дефектот. вг/
Фото: МИА Архива