Поради дефект на приклучна цевка без вода улиците „Отокар Кершовани“ и „Чаирска“
- Без вода денеска од 9:30 часот ќе останат корисниците од улиците „Отокар Кершовани“ и „Чаирска“.

Скопје, 18 септември 2024 (МИА) - Без вода денеска од 9:30 часот ќе останат корисниците од улиците „Отокар Кершовани“ и „Чаирска“.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка од 1цол на улица „Чаирска“ број 9.
Водоснабдување ќе биде прекинато до завршување со работните активности за санирање на дефектот. дма/
Фото: МИА архива