• среда, 25 декември 2024

Попов до МОН: Преиспитајте ја одлуката за приватизирање на студентските домови

Попов до МОН: Преиспитајте ја одлуката за приватизирање на студентските домови

Скопје, 14 октомври 2022 

По не знам кој пат разговараме за криминалната коалиција СДС/ДУИ и нивниот однос кон младите. Однос кој е само ветувања, манипулации и лаги, но вчера се надминаа и себеси. На вчерашната одлука на Влада ги видовме мерките за таканаречена рационализација на расходите во Министерството за образование кои предвидуваат дополнително уништување на веќе мизерниот студентски стандард. Во таа рационализација имаат предвидено:

·         намалување на стипендиите;

·         намалување на студентскиот оброк;

·         и приватизирање на студентските домови.

Ветуваа брда и долини, едно поголемо ветување беше изградба на студентски градови. Од ветување за студентски град стигнавме до приватизирање на веќе постоечките студентски домови во кои да напоменам немаат шајка заковано.

Веќе не знам по кој пат го менуваат студентскиот оброк, го менуваат само со една цел за евтин ПР. Веројатно така ги подучуваат нема врска што системот се распаѓа, стандардот тоне битно денес ќе напишеме по некој статус, ќе снимиме по некое спотче, а студентите нека се мислат што ќе прават. Идентична е ситуацијата и со стипендиите. Ова веќе не ви поминува.

Секоја една од горенаведените мерки повторувам само ќе доведе до дополнително уништување на веќе мизерниот студентски стандард.

Оттука апелирам до МОН не го слушајте трајно неспособниот дезертер и преиспитајте се себе и неговите препораки. На младите им е веќе преку глава од вашето неспособно работење и на следните избори ќе ве испратат во опозиција, а потоа ќе има и одговорност.

Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан