• понеделник, 19 август 2024

Попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи

Попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи

Скопје, 19 август 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер(над 60 км/ч) и појава на град.

Максималната температура во земјава ќе биде во интервал од 28 до 35 степени. 

Во Скопје умерено облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.  Максималната температура ќе достигне до 33 степени.

Утрово најниска температура од 10 степени целзиусови е измерена во Лазарополе и 12 во Маврови Анови, а највисока во Гевгелија, Велес и Струмица, каде се регистрирани 20 степени целзиусови. 

Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Демир Капија - 38 литри на метар квадратен, а најмалку  во Охрид, Пожаране, Крушево, Берово, Ѓуриште, Кавадарци, Струмица, каде наврнал 1 литар на метар квадратен.

Од УХМР појаснуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на Управата, и оти поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената. сст/аа/

фото МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан