• вторник, 24 декември 2024

Поплавите може да ги одложат локалните избори во најтешко погодените општини во БиХ

Поплавите може да ги одложат локалните избори во најтешко погодените општини во БиХ

Сараево, 4 октомври 2024 (МИА) – Одржувањето на локалните избори во Босна и Херцеговина, планирани за недела, е доведено во прашање поради поплавите кои сериозно зафатија делови од земјата, но конечната одлука за евентуално одложување се уште не е донесена, изјави денеска претседателката на Централната изборна комисија на БиХ, Ирена Хаџиабдиќ.

Таа во Сараево изјави дека ЦИК е во постојана комуникација со локалните изборни комисии во најпогодените општини од поплавите.

Станува збор конкретно за Јабланица, но и за Коњиќ и Фојница, бидејќи комуникацијата со тие делови од државата е отежната поради одрони и непроодни патишта.

Но, Хина дознава дека можни проблеми при организирање на изборите се најавуваат и од Крешево, Кисељак, Бусовача, Рама, но и од периферијата на градот Мостар кон Јабланица, како Горња Дрежница и Стрижево.

„Ова во моментов е навистина голем проблем поради транспортот на изборниот материјал“, рече Хаџиабдиќ, додавајќи дека членовите на ЦИК имаат „неколку непроспиени ноќи“ бидејќи треба постојано да ја проценуваат ситуацијата на теренот. Таа додаде дека е можно продолжување на изборите во недела, но конечната одлука се очекува да биде донесена утре.

Таа посочи дека евентуално одложување е можно само во одредени општини, додека во деловите на Босна и Херцеговина кои не беа погодени од поплавите сигурно ќе се гласа во недела.

„Изборите ќе се одржат во поголемиот дел од Босна и Херцеговина“, рече Хаџиабдиќ.

Доколку во недела на некое од избирачките места не може да се гласа, тоа ќе се организира подоцна, најрано седум и најдоцна 30 дена по 6 октомври.сд/

фото:Скриншот

Остани поврзан