• понеделник, 23 декември 2024

Полскиот претседател Дуда во посета на Кина на разговори со Си Џинпинг за Украина

Полскиот претседател Дуда во посета на Кина на разговори со Си Џинпинг за Украина

Пекинг, 24 јуни 2024 (МИА) - Полскиот претседател Анджеј Дуда е во посета на Кина, јавија светските агенции, наведувајќи дека лидерот на земја - членка на НАТО е во посета на држава која ја поддржа руската инвазија на Украина.

„Се обидувам да одржувам пријателски односи со Кина. Полска отсекогаш имала добри односи со Кина и би сакал тоа да продолжи“, изјави Дуда пред два дена за приватното радио Зет.

Денеска се очекува тој да се сретне со кинескиот лидер Си Џинпинг, а според полскиот претседател треба да се разговара на тема како да се постигне мир во Украина. На прашањето дали мисли дека Кина го држи клучот за мирот во руско-украинскиот конфликт, Дуда одговори: „Мислам, во голема мерка, да“.

Пекинг прогласи неутралност во конфликтот, истовремено обвинувајќи го НАТО блокот дека проширувајќи се, го провоцирал рускиот претседател Владимир Путин да изврши притисок во Украина, и во меѓувреме одржува стабилни трговски и дипломатски односи со Москва. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан