• среда, 27 ноември 2024

Полицијата трага по 25-годишник осомничен за убиство во обид во Чаир

Полицијата трага по 25-годишник осомничен за убиство во обид во Чаир

Скопје, 5 август 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник кој се сомничи дека сторил убиство во обид во Чаир.

Како што информираат од Јавното обвинителство, на 17 јули во вечерните часови во Чаир, осомничениот со мотор со голема брзина поминал покрај оштетениот и уште едно лице кои се движеле пеш и ги испрскал со вода насобрана на асфалтот. Застанал и му се извинил само на сведокот, додека со оштетениот најпрвин започнал да се расправа, а потоа и физички размениле неколку удари.

- Осомничениот најпрво избегал, но потоа ги пречекал во близина на детската градинка „Фидани“ и  со пиштол испукал еден куршум кон оштетениот, нанесувајќи му огнострелна повреда во десната страна на градниот кош и оштетувајќи му неколку органи. Сторителот веднаш повторно се дал во бегство, велат од Обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а притворската мерка треба да се применува по неговото лишување од слобода. 

Во меѓувреме, од Обвинителство дополнуваат дека Министерството за внатрешни работи постапува за пронаоѓање на осомничениот. ар/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан