• сабота, 23 ноември 2024

Полицијата откри четири лица кои вршеле јавен превоз на патници без соодветна документација

Полицијата откри четири лица кои вршеле јавен превоз на патници без соодветна документација
Струмица, 2 февруари 2022 (МИА) - Синоќа во Струмица и на патот Радовиш - Струмица полицијата откри четири лица кои вршеле јавен превоз на патници без соодветна документација. Како што соопштија од СВР Струмица, синоќа околу 20:30 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица, полициски службеници извршиле контрола во автобус со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управуван од Н.Б.(37) од село Велуса, струмичко. При контролата било утврдено дека автобусот вршел јавен превоз на патници без соодветна документација, а исто така биле затекнати повеќе патници од дозволениот број кои може да се превезуваат. За настанот биле запознати јавен обвинител од ОЈО Струмица и сообраќаен инспектор од Општина Струмица. Во вториот случај синоќа во периодот од 21:30 до 22:30 часот на магистралниот пат Струмица - Радовиш, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струмица извршиле контрола во три патнички моторни возила со струмички регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека лицата Н.В.(27) од Струмица, А.Д.(38) од село Дабиле, струмичко и И.Ц.(42) од Струмица со возилата вршат јавен превоз на патници без соодветна документација. По целосно документирање на случаите против возачите ќе бидат поднесени соодветни пријави. рт/мс/

Остани поврзан