• сабота, 09 ноември 2024

Полициската станица во Крива Паланка наскоро со нов лик

Полициската станица во Крива Паланка наскоро со нов лик
Крива Паланка, 22 октомври 2020 (МИА) - Полициската станица од општа надлежност во Крива Паланка наскоро ќе добие комплетно нов лик. Во тек е реконструкција на фасадата, а планирани се повеќе зафати и во внатрешноста на објектот, со што ќе се зголемат  енергетската ефикасност и функционалноста на објектот. Од Секторот за комуникација со јавност при СВР Куманово информираат дека во тек се активности за санација и реконструкција на санитарните јазли, а се работи и на поставување на комплетно нова термо-фасада, санирање на дел од кровната конструкција и поставување на нова електрична инсталација. - Со реконструкцијата на станицата ќе се направи санација на просториите за приведување и задржување лица, ќе се изврши замена на старите прозорци со ПВЦ столарија, а ќе се вршат и сите неопходни молерофарбарски и гипсарски работи, информираат од СВР Куманово. Оттаму велат дека не можат да прецизираат колку ќе чини целиот зафат бидејки се уште се во тек градежните работи. - По завршување на градежните  работи јавноста детално ќе биде информирана за средствата дадени за таа намена. Инаку, напоменуваме дека во рамки на овие програмски активности на раководството на МВР досега беа санирани и реконструирани преку триесетина објекти ширум државата, а средствата во целост беа обезбедени од буџетотот на министерството, велат од МВР. ид/оџ/    

Остани поврзан