Познати првите учесници во плејофот од Лигата на шампионите 2023/24
- Екипите на Манчестер сити и на Лајпциг се првите со обезбедено учество плејофот од фудбалската Лига на шампионите за сезоната 2023/24.

Белград, 8 ноември 2023 (МИА) – Екипите на Манчестер сити и на Лајпциг се првите со обезбедено учество плејофот од фудбалската Лига на шампионите за сезоната 2023/24.
Во синоќешните натпревари од 4. коло, Манчестер сити на домашен терен го победи Јанг Бојс со 3:0, додека Лајпциг во Белград со 2:1 ја порази Црвена ѕвезда.
По четири кола, Сити има 12, Лајпциг 9 бода во групата Г, додека по еден бод имаа Црвена ѕвезда и Јанг Бојс.
Минатата сезона Манчестер сити за прв пат во историјата ја освои Лигата на шампионите. зс/
Фото: ЕПА