• вторник, 24 декември 2024

Пожар во близина на фабриката Тесла во Берлин

Пожар во близина на фабриката Тесла во Берлин

Берлин, 5 март 2024 (МИА) - Пожар зафатил електричен столб во близина на фабриката Тесла во Берлин, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во тој дел од градот, соопшти денеска полицијата.

Портпаролот на берлинската полиција одби да ги коментира извештаите на германскиот весник БЗ, според кој пожарот го подметнале еколошки активисти.

Весникот, исто така, наведува дека биле повикани единици за отстранување бомби откако службите за итни случаи пронашле знак на кој пишувало дека оружје е закопано на местото.

Полицијата соопшти дека противпожарната единица работи на гаснење на пожарот на поле во областа југоисточно од главниот град на Германија, додавајќи дека пожарот не се проширил на фабриката Тесла.

Компанијата Тесла исто така не ги коментираше тврдењата на весникот дека производителот на електрични возила Gruenheide бил принуден привремено да ја прекине работата.

Компанијата на бизнисменот Илон Маск, која произведува околу 500 илјади автомобили годишно, наиде на блокада кога жителите го одбија предлогот да се сечат дрвја за да се прошири просторот на фабриката. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан