• петок, 08 ноември 2024

Поднесени кривични пријави против две лица од Скопје за „фалсификување исправа“

Поднесени кривични пријави против две лица од Скопје за „фалсификување исправа“

Скопје, 18 јули 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје има поднесено кривични пријави против И.И.(45) и против Д.Ш.(33), и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа" по член 378 од Кривичниот законик.

-Имено, И.И. набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување со моторни возила од категориите ,,А", „В", „F", „G" и ,,M", додека Д.Ш. набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување со моторни возила од категориите „В", „F", „G" и „M" и ја употребиле при управување возила во Кралството Белгија, наведуваат од Министерството.

Како што посочуваат од МВР, поради сторени сообраќајни прекршоци во Белгија, на двете лица им биле одземени дозволите и доставени до надлежните служби во државата, по што било утврдено дека се фалсификувани.фф/са/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан