• недела, 15 декември 2024

Подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Чаир и Кисела Вода

Подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Чаир и Кисела Вода

Скопје, 11 декември 2024 (МИА) - Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје во текот на вчерашната ноќ почна активности за отстранување обемна дива депонија лоцирана на улицата „Топаанска“ во скопската општина Чаир. Досега се подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри претежно мешан комунален отпад, а екипите на претпријатието и денеска ќе ги продолжат активностите на оваа локација.

Во општината Чаир се подигнати и 10 кубни метри непрописно одложен кабаст отпад на улицата „Џон Кенеди“.

- ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје во текот на вчерашниот ден интервенираше и во општината Кисела Вода, каде се отстранети 15 кубни метри кабаст и отпад од картонска амбалажа одложени на јавни површини на улиците „Фредерик Шопен“, „Димо Хаџи Димов“ и „Томе Арсовски“, се вели во соопштението од ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје. мд/бак/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

Остани поврзан