• вторник, 24 декември 2024

Погон за слатки во Лондон претворен во луксузен стан

Погон за слатки во Лондон претворен во луксузен стан
Лондон, 15 јануари 2021 (МИА) - Стан вреден 24,95 милиони фунти се појави на пазарот во Лондон, Англија. Се наоѓа на плоштадот Тревор, а занимливо е тоа што живеалиштето е всушност дел од зграда што некогаш била фабрика и складиште за чоколади „Хародс“. Богатата историја на овој објект, како и неговата местоположба, се причина за високата цена. Големиот двокатен стан е составен од четири дела споени во еден, а зафаќа површина од 595 квадратни метри. На горниот, петти кат има просторија за прием чии прозорци нудат поглед на плоштадот Тревор, а покрај неа има трпезарија, како и работна соба што може да послужи и како мини-кино. На горниот кат има добро опремена кујна со излез до тераса. Има и соба за гости, којашто лесно може да се претвори во, на пр. вежбалница, а во рамките на тоа има и туш. Скалите надолу, до четвртиот кат, водат кон голем гардеробер, две бањи и сауна. На овој кат има и четири спални соби, од кои едната има мала тераса. Подот е модерно опремен. Зградата во која се наоѓа станот има и приватна градина, за станарите. А, за нивната безбедност пак, обезбедувањето се грижи 24 часа на ден.  си/сд/

Остани поврзан