• сабота, 23 ноември 2024

Погба платил 100.000 евра на лица кои му се закануваат

Погба платил 100.000 евра на лица кои му се закануваат
Париз, 30 август 2022 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Јувентус и француски репрезентативец, кој е побара отворање истрага за „обид за изнуда“, веќе платил значителна сума пари, односно 100 000 евра за да се обиде да ги смири своите напаѓачи, јави дописникот на МИА. Пол Погба не ги има откриено сите свои тајни за овој случај. Жртва на закани и обиди за изнуда од неговиот постар брат и другарите од детството, како што напомена за време на сослушувањето со полицијата по отворањето на истрагата во август, на криминалците им платил 100.000 евра. Според „Франс инфо“ сумата била платена во март 2022 година, кога изнудувачите му се заканија на професионалниот фудбалер на маргините на меѓународна средба на селекцијата на Франција. Според француските новинари, кои имаа пристап до досието, Пол Погба, соочен со инсистирањето на неговите пријатели од детството кои бараа 13 милиони евра за „остварена услуга“ од кои три да бидат веднаш исплатени, се обидел да ја повлече оваа сума. Но, неговите банкари одбија и овој, под притисок, сепак успеал да повлече 100.000 евра пред да им ги даде на своите напаѓачи. Тој потпишал и документ за да се обврзе да го плати остатокот од сумата Соочен со оваа критична ситуација, играчот од средниот ред на „триколорите“ потоа иницираше отворање истрага за „обиди за изнуда на организирана банда“. тг/зс/

Остани поврзан