• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Поврзувањето е многу значајно во процесот на исцелување, порачува кумановскиот психолог и психотерапевт Сања Јовановска

Поврзувањето е многу значајно во процесот на исцелување, порачува кумановскиот психолог и психотерапевт Сања Јовановска

Куманово, 27 март 2025 (МИА) - Поврзувањето е многу значајно во процесот на исцелување и на директно погодени од траума и на индиректно погодените. Наместо изолација која предизвикува осаменост и безнадежност, споделувањето обезбедува поддршка, разбирање и утеха, порача денеска психологот и психотерапевт Сања Јовановска од Куманово.

Во изјавата за медиумите Јовановска посочува младите во државата да побараат емоционална поддршка од семејството, училиштата и врсниците.

- Трагичниот настан на индиректен начин влијае и кај младите во целата држава. Согласно својата возраст полесно се поврзат и идентификуваат со жртвите и повредените во пожарот што и предизвика силни емоционални реакции на тага, бес, гнев чувство на несигурност и небезбедност и ваквите силни емоции може да влијаат и врз промена во однесувањето. Во процесот на силни емоционални реакции присуството на блиски членови на семејството, пријатели, врсници е од големо значење. На тој начин се обезбедува можност за разговор и споделување, нудејќи чувство на сигурност и поврзаност. Да бидеме заедно, да се поддржуваме, вели Јовановска.

Кумановскиот психолог Јовановска порачува дека најсоодветно решение при интензивни и долготрајни реакции на стрес е барањето на соодветна стручна помош и поддршка од психолог/психотерапевт, психијатар е најсоодветно решение.

При искусување на длабока траума како и загуба на близок член на семејството, дете, пријател, момче/девојка, потребно е време за емоционално закрепнување кое оди полека низ етапи, фази, но не постои универзален правилник низ кој сите минуваат на ист начин со ист интензитет и времетраење.

- Се е индивидуално и не постои нормално или помалку нормално минување низ ваков вид на болка, тага. Секој тагува на свој начин и различно ги изразува своите емоции. Семејството, социјалната поддршка како и техники за самопомош, помагаат при процесот на справување со овие потешкотии. Понекогаш, само признанието и себеразбирањето на тоа што се случува може да бидат првиот чекор во процесот на исцелување. При помош и поддршка не ја исклучуваме стручната помош и поддршка бидејќи е од особено значење во овој процес. Таа нуди сигурно и безбедно место за изразување, конструирање на нови наративи и конструктивни начини за надминување на потешкотиите, додава Јовановска. ам/мд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан