• петок, 08 ноември 2024

Повеќе од 600 луѓе во Нигерија починале од дифтерија

Повеќе од 600 луѓе во Нигерија починале од дифтерија

Абуџа, 13 октомври 2023 (МИА) - Повеќе од 600 луѓе, претежно деца, починале од дифтерија во Нигерија од почетокот на епидемијата во декември 2022 година.

Со 14.000 регистрирани случаи, оваа епидемија е далеку потешка од претходната во 2011 година, кога беа пријавени 98 случаи, пишува Би-Би-Си.

Федералната држава Кано на северот на Нигерија е епицентарот, каде што се регистрирани повеќе од 500 смртни случаи, но неодамна има пад на бројот на активни случаи.

Дифтерија е многу заразна бактериска болест која ги погодува носот и грлото. Може да предизвика и чиреви на кожата.

Се пренесува со кашлање и кивање или близок контакт со некој што е заразен, а во тешки случаи може да биде и смртоносен. ссм/

фото: архива

Остани поврзан