• среда, 27 ноември 2024

Повеќе од 50 луѓе умреле од глад во северна Етиопија

Повеќе од 50 луѓе умреле од глад во северна Етиопија

Адис Абеба, 23 ноември 2023 (МИА) - Повеќе од 50 луѓе починале од глад предизвикана од суша во регионите Тигра и Амхара во северна Етиопија, соопштија денеска локалните власти, пренесува Би-Би-Си.

Според Канцеларијата за управување со ризици од катастрофи на Тигреј, 46 лица починале откако ги напуштиле своите домови поради сушата. Најмалку шест лица и 4.000 добиток умреле од глад во областа Ваг Хемра во соседниот регион Ахмара поради недостиг на храна предизвикана од сушата, изјави локален претставник.

Пред повеќе од пет месеци, САД и Обединетите нации ја прекинаа испораката на помош во храна во Етиопија, по обвинувањата против локалните власти за кражба на храна.

Одлуката ја влоши хуманитарната криза во земјата, каде војните и екстремните временски услови оставија милиони луѓе да зависат од хуманитарна помош.

Додека северните делови на Етиопија се соочуваат со голема суша, јужните и источните делови на земјата се очекува да бидат погодени од невообичаено обилни врнежи.

Според ОН, повеќе од 40 луѓе загинале во последните недели поради поплави и лизгање на земјиштето, од кои огромното мнозинство во сомалискиот регион на далечниот исток на Етиопија. ссм/

фото: 

Остани поврзан