• сабота, 23 ноември 2024

Повеќе од 1,5 милиони луѓе чекале по 12 часа во одделот за итни случаи во Англија во 2023 година

Повеќе од 1,5 милиони луѓе чекале по 12 часа во одделот за итни случаи во Англија во 2023 година

Лондон, 12 февруари 2024 (МИА) - Повеќе од 1,5 милиони пациенти во Англија мораа да чекаат 12 часа или повеќе во собите за итни случаи, покажуваат податоците објавени од британските пратеници, за да ги покажат „последиците од владиното занемарување на Националниот здравствен систем (НХС).

Минатиот месец, 177.805 пациенти се соочиле со доцнење од 12 часа или повеќе во болничките чекални за итни случаи, или 5.735 дневно, објави Гардијан.

Ова значи дека еден од 10 пациенти доаѓа на ред на одделот за итни случаи 12 часа откако бил примен во болница.

Во периодот меѓу февруари 2023 и јануари 2024 година, 1,54 милиони пациенти поминале низ долго чекање, покажуваат податоците на либералните демократи.

„Секојдневно илјадници пациенти се оставени да чекаат со болки во преполни чекални на итната помош, каде поминуваат 12 часа или повеќе за да ја добијат потребната нега. Овие ужасни одложувања оставаат впечаток дека владата го запоставува НХС“, рече портпаролката на либералдемократите Дејзи Купер. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан