• недела, 22 декември 2024

Побарана подготвителна постапка и притвор за малолетник осомничен за насилство

Побарана подготвителна постапка и притвор за малолетник осомничен за насилство

Скопје, 18 ноември 2024 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд – Скопје поднел барање за поведување подготвителна постапка против дете во судир со законот родено 2009 година за кое постои основано сомнение дека извршило дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавно обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека на 25 октомври, детето заедно со други непознати лица, започнале разговор со малолетник, но набрзо потоа без особен повод започнале да го удираат со тврди предмети. Детето во судир со законот, се додава, извадило нож и ја прободело жртвата во натколеницата.

- На 13 ноември, во автобус на ЈСП Скопје, тој, во група со уште три непознати лица, извршил грубо насилство и нанел телесна повреда – убоди со нож во главата на 15-годишник, со што кај останатите патници предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, се вели во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата за деца доставил и предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан