ПМФЛ: Работнички и Силекс одиграа нерешено, без победник и на дуелот во Струга
- На Националната арена „Тодор Проески“ Работнички и Силекс одиграа без голови во дуел од 32. коло на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ)
Скопје, 4 мај 2025 (МИА) - На Националната арена „Тодор Проески“ Работнички и Силекс одиграа без голови во дуел од 32. коло на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Нерешено заврши и дуелот меѓу Струга и Шкендија, но публиката виде два гола.
Струга поведе со гол на Спировски на почетокот од вториот дел, а резултатот го изедначи Латифи.
Воска Спорт и Гостивар се повлекоа од ПМФЛ, па така нивните натпревари со Тиквеш и Пелистер не се одиграа и беа забележани со службен резултат 3-0.
Резултати од ПМФЛ, 32. коло:
Шкупи – Вардар 0-2
Гостивар – Пелистер 0-3 службено
Работнички – Силекс 0-0
Струга ТЛ – Шкендија 1-1
Воска Спорт – Тиквеш 0-3 службено
Беса – АП Брера 2-1. дс
Фото: Архива