• понеделник, 23 декември 2024

Пленковиќ и Пенава во името на ХДЗ и Татковинското движење потпишаа коалициски договор

Пленковиќ и Пенава во името на ХДЗ и Татковинското движење потпишаа коалициски договор

Загреб, 16 мај 2024 (МИА) - Претседателот на ХДЗ, актуелен премиер и мандатар за формирање на новата хрватска Влада, Андреј Пленковиќ, денеска во хрватскиот Сабор (парламент) потпиша коалициски договор со претседателот на Татковинското движење (ДП), Иван Пенава,што ја дефинира идната соработка меѓу двете партии, објави порталот Индекс.хр.

Договорот беше потпишан еден месец по парламентарните избори и без присуство на медиумите, при што со Пленковиќ во парламрнтот беа Марко Милиќ и Томо Медвед, а Пенава беше придружуван од Јосип Дабро и Игор Петернел.

По потпишувањето на договорот, двајцата лидери не дадоа изјави за медиумите, додека Пленковиќ само кусо дофрли дека „се ќе каже утре“.

Претходно денеска беше конституиран новиот хрватски Парламент, без присуство на претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој ја свика седницата на која Гордан Јандроковиќ (ХДЗ) беше реизбран за претседател на ова тело.

Парламентарните избори во Хрватска се одржаа на 17 април. сд/

Остани поврзан