• понеделник, 23 декември 2024

Планинарски поход во кавадаречко

Планинарски поход во кавадаречко

Кавадарци, 18 февруари 2024 (МИА) - Планинарски февруарски поход се реализираше денеска во кавадаречко, во организација на планинарското спортско друштво „Орле" од Кавадарци.  

-Маршутата за февруарскиот планинарски марш започна од Кавадарци со превоз до Мушов гроб. Потоа се пешачеше од Мушов гроб до Васов град, па по кањонот на Мрежичка река до село Мрежичко. Патеката беше долга 13 километри. Во Мрежичко беа доделени благодарници и послужено планинарско гравче, појаснија организаторите за МИА.

Настанот  беше во чест на славниот Февруарски поход од историјата на Македонскиот народ.

​-Ова е една од нашите редовни планинарски акции со кои оддаваме почит на нашите херои од Народноослободителната војска на Македонија, кои во февруари 1944 година извршиле неколку оперативни дејства на територијата на источна, централна и западна Македонија, рече претседателот на “Орле”, Никола Минчоров.свд/свс/


Фото: Горан Мелов

 

Остани поврзан