• сабота, 27 јули 2024

Планинарскиот клуб „Јелак“ почна со предавање за основи во планинарството

Планинарскиот клуб „Јелак“ почна со предавање за основи во планинарството

Тетово 7 април 2022 (МИА) - Планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово започна со серија на предавање наречени „Основи за планинарење“.

Лиценцирани водичи во планина и маркацисти ќе ги држат предавањата кои освен за членови на клубот, се наменети и за останатите заинтересирани граѓани кои сакаат да стекнат основно теориски познавања за планинарењето.

- Ова е голема можност поискусните планинари да споделат искуства и теорија кон помладите, но, и за сите кои сакаат да се запознаат со основите за планинарење. Се предаваат основите теми за движење во планина, како што се ориентација, мапирање, маркирање и маркација на патеки. Ги запознавме присутните со планинарење во зима и опасности од зимски услови и лавини. Ќе продолжиме со предавања за планинарската опрема и опасностите во летни услови и други теми, изјави Борис Стојановски, претседател на ПК „Јелак“.

Предавањата се одржуваат во просториите на невладината организација „Лоја“, и истите се најавуваат на  социјалните мрежи на профилот на ПК „Јелак“. ас/ар/

Остани поврзан