Писателот Богев од Кавадарци повика на поголема заинтересираност на уметниците за култот кон Големата Мајка од минатото
- - Култот кон Големата мајка е поврзан со верувањата на нашите претци, артефакти се пронајдени низ различни места во државата, се работи за спој на макета на куќа со женска фигура во неколку нејзини варијанти, појасни тој.
Кавадарци, 16 април 2026 (МИА) - Уметниците малку повеќе да ја вклучат во својата уметност, перцепцијата за култот кон Големата Мајка од минатото, јавно повика денеска кавадаречкиот писател Тодор Богев. Тој потсети и на веќе издадената негова печатена брошура, посветена токму на оваа тема.
- Култот кон Големата мајка е поврзан со верувањата на нашите претци, артефакти се пронајдени низ различни места во државата, се работи за спој на макета на куќа со женска фигура во неколку нејзини варијанти, појасни тој.
Според него, станува збор, за давање субјективен карактер на објектот куќа, со придодавање на карактер на мајчинство, семејство, дом.
- Ако земеме предвид дека куќата од тоа време, колку и да била примитивна, давала извесна заштита од временските непогоди, како студ, дожд, ветар, грмотевици и сл., таа всушност нудела еден интимен внатрешен заштитен простор, микрокосмос, во однос на надворешното опкружување, макрокосмосот, за кој немаме целосна контрола на одвивањето на активностите таму. Така, во внатрешниот простор имаме ситуација на спокојство и заштита од временските непогоди и од опасните животни предатори од тоа време, итн. Сметам дека вештината и способноста за градење куќа е првата и една од најголемите цивилизациски придобивки на патот на развојот на човештвото, подвлече писателот.
Како писател, рече дека сака да го презентира сопственото доживување на овој древен артефакт. Притоа изрази надеж за откривање уште многу артефакти, што сведочат за поимањето на мајката и домот, низ годините во минатото. свд/дма/
Фото: МИА