• сабота, 23 ноември 2024

Пиоли: Милан во 2024 година дојде многу блиску до нивото на Интер и Јувентус кои доминираат во Серија А

Пиоли: Милан во 2024 година дојде многу блиску до нивото на Интер и Јувентус кои доминираат во Серија А

Милано, 4 февруари 2024 (МИА) – Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е задоволен од играта на неговите избраници на натпреварот со Фросиноне вчеравечер на гостински терен. Милан победи со 3:2 и го задржа чекорот со водечките на табелата во Италијанското фудбалско првенство. 

- Го започнавме натпреварот неизвесно и почнавме да го губиме водството, но нашиот карактер уште еднаш ни дозволи да победиме во тежок натпревар. Тимот верува во себе. Треба да направиме многу подобро, но секогаш веруваме во себе. Мислам дека оваа година станавме многу поблиску до нивото на Интер и Јувентус. Мора да продолжиме да работиме на отстранување на малите недостатоци. Интер и Јувентус заслужено доминираат во Серија А, играат сличен фудбал, изјави Пиоли.

Тој се осврна и на шпекулациите дека Милан од следната сезона ќе го води Антонио Конте.

- Премногу сум стар за да ме мачат гласините. Клубот секогаш ја оценува мојата работа на крајот од сезоната. Како и секогаш, тој ќе донесе одлука. Повеќе од среќен сум во Милан. Се обидов да им давам на играчите нешто ново секој ден. Ако сакате да знаете што сакам, ќе кажам дека сакам да имаме добар остатокот од сезоната, а потоа ќе видиме, истакна Пиоли за „DAZN“.

Милан е трет во Серија А со 49 бода од 23 натпревари. Пред „Росонерите“ се Интер со 54 бода од 21 натпревар и Јувентус со 53 бода од 22 натпревара. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан