• среда, 27 ноември 2024

Пингпонгарските суперлигаши од Крива Паланка се пласираа во плејофот

Пингпонгарските суперлигаши од Крива Паланка се пласираа во плејофот
Крива Паланка, 18 октомври 2020 (МИА) - Суперлигашкиот состав на Пингпонгарски клуб "Крива Паланка 2007" од Крива Паланка со денешната победа над "Работнички" од Скопје оствари пласман во плејофот на лигата.
Претседателот на клубот и играч во супер лигата, Мартин Стаменковски, истакна дека со денешните натпревари е заокружен есенскиот дел од сезоната, по кој ППК "Крива Паланка" се пласира на четвртата позиција на суперлигашката табела.
-Денеска се одиграа последните две кола од есенскиот дел, осмо и деветто коло. Во осмото изгубивме од екипата на шампионот "Младост 96", со 4:2, додека на наше големо задоволство, во последното коло забележавме значајна победа против "Работнички" со резултат 4:2, која нѐ позиционира на четвртата позиција на табелата од вкупно десет екипи. Со тоа, иако во изминатиот период играме без тренинзи во сала, со многу љубов и срце на терен, сепак сме во плејоф фазата и продолжуваме понатаму, рече Стаменковски.
Екипата на ППК "Крива Паланка 2007" подолго време не беше комплетна, не играа двајца првотимци, но денеска настапи во полн состав: Мартин Стаменковски, Игор Јовановски, Филип Костадиновски, Мики Петковски и Петар Митков. ид/сст/

Остани поврзан