• недела, 28 јули 2024

Пингпонгарите на Крива Паланка 2007 на чело на табелата во Суперлигата по пет одиграни кола

Пингпонгарите на Крива Паланка 2007 на чело на табелата во Суперлигата по пет одиграни кола
Скопје, 14 ноември 2021 (МИА) – Тимот на Крива Паланка 2007 е на лидерската позиција на табелата во пингпонгарската Суперлига по пет одиграни кола. Викендов во СЦ Јане Сандански во Скопје се одиграа натпреварите од четвртото и петтото коло. Крива Паланка 2007 на своето конто додаде уште две сигурно победи и го искористи отсуството на бранителот на титулата Младост 96 кој поради болни играчи ги одложи натпреварите од тековниот турнир, и моментално со 10 бодови се на лидерското место на табелата. Резултати 4. коло: КРИВА ПАЛАНКА 2007 - ТЕЛЕКОМ НЕЦ 2 4:1 МЛАДОСТ 96 - РАДОВИШ одложена РИСОВИ - МЛАДОСТ 2:4 ШАМПИОН ФА - РАБОТНИЧКИ 4:0. Резултати 5. коло: МЛАДОСТ - ШАМПИОН ФА 0:4 РАДОВИШ - РИСОВИ 1:4 ТЕЛЕКОМ НЕЦ 2 - МЛАДОСТ 96 одложена ВАРДАР - КРИВА ПАЛАНКА 2007 1:4. зс/

Остани поврзан